Dildar Baykan
23 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп на муслиманите ширум светот им упати честитка по повод месецот рамазан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој напомена дека милиони муслимани го поминуваат рамазан со пост, читајќи го Куранот, помагајќи им на луѓето и правејќи добри дела.
„Тие дела се тесно поврзани со универзалните вредности кои ги налага исламот, како што се мир, толеранција, љубов и почитување кон другите", рече Трамп во својата порака.
Истакна дека во последните месеци уште еднаш е докажана моќта на молитвата.
„Сакам на сите муслимани во САД и ширум светот да го поминат рамазан во благосостојба и мир. Упатувам молитва сите верници во овој посебен ден да бидат поопуштени и да ја обноват својата вера. Рамазан мубарек олсун", потенцираше Трамп.