Ahmet Emin Dönmez
11 Септември 2022•Ажурирај: 13 Септември 2022
ЈАУНДЕ (АА) - Транспортен авион со три члена на екипажот исчезна од радарот во текот на летот во провинцијата Јужен Киву во Демократска Република Конго, известува Агенција Анадолија (АА).
Локалните официјални лица соопштија дека е изгубен секој контакт со леталото по неговото полетување од аеродромот Кавума во градот Букаву.
Авионот превезувал товар што требало да се достави на аеродромот во градот Касесе.
Надлежните служби започнаа акција за потрага и спасување на исчезнатиот авион.