Aldijana Hadzic
11 Септември 2022•Ажурирај: 12 Септември 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Во американската сојузна држава Калифорнија беснеат шумски пожари кои на неколку места се закануваат да ги зафатат населените места, известува Агенција Анадолија (АА).
Пожарите беснеат во голем број делови од земјата, а пожарникарите стравуваат од нивно проширување.
Огнот се заканува на неколку стотина станбени објекти, поради што се евакуирани околу 11.000 луѓе.
Пожарникарите се трудат да го изгаснат пожарот во подрачјето на Форестхил во Калифорнија.