Emre Gürkan Abay
08 Мај 2018•Ажурирај: 09 Мај 2018
МОСКВА (АА) - Обемот на трговска размена помеѓу Русија и Европската Унија (ЕУ) се зголеми за 21,2 отсто во првиот квартал од оваа година во споредба со истиот период во 2017 година, односно се зголеми на 70,8 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Федералната царинска служба на Русија (FTS), вкупниот извоз на Русија во ЕУ во првото тримесечие од оваа година се зголеми за 19,8 отсто во спредба со истиот период минатата година, односно за 49,9 милијарди долари.
Увозот на Русија од ЕУ во истиот период реализира пораст од 24,6 отсто, односно достигна 20,9 милијарди долари. Обемот на трговска размена меѓу Русија и ЕУ забележа пораст од 21,2 отсто во овој период, и се зголеми на 70,8 милијрди долари.
Уделот на ЕУ во вкупниот обем на трговска размена со Русија се намали од 45,3 на 44,9 отсто.