Emre Aşıkçı
28 Јануари 2023•Ажурирај: 30 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Руди Гарсија, тренерот на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср, го обвини Кристијано Роналдо за поразот на екипата од противникот Ел Итихад во полуфиналето на саудискиот Суперкуп, известува Агенција Анадолија (АА).
„Едно од нештата што го сменија текот на средбата беше пропуштената шанса на Кристијано во првото полувреме“, изјави францускиот тренер Гарсија.
Тренерот им честиташе на противниците на победата, велејќи: „Имаа многу подобро прво полувреме од нас, а ние добро го одигравме второто полувреме, но за жал, не успеавме да го поправиме резултатот.“
„Вистина е дека ни е жал што испаднавме од Суперкупот, но сѐ уште сме први во лигата“, додаде францускиот тренер.
Ел Итихад во полуфиналето на Суперкупот го елиминираше Ал Наср со резултат 3:1.
Роналдо во ноември стана слободен играч откако неговиот договор со Манчестер Јунајтед договорно беше раскинат поради недоразбирањето што тој го имаше со менаџерот Ерик тен Хаг.
Кон крајот на минатата година, фудбалскиот клуб Ал Наср потврди дека Роналдо потпишал за нив, наведувајќи: „Се создава историја.“