Mücahit Oktay
10 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
ЊУЈОРК - Во американската сојузна држава Мериленд вооружен напаѓач упаднал во производствен објект на една фирма и застрелал три лица. Напаѓачот е ранет и приведен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение што го објави Канцеларијата на шерифот на округот Вашингтон, напаѓач влегол во производствениот објект на фирмата „Columbia Machine, Inc.“, лоцирана во областа Смитсбург, и убил повеќе од едно лице.

Подоцна со изјава се огласи и гувернерот Лери Хоган, кој информира дека во споменатиот напад животот го загубиле три лица.
Во изјавата се вели дека осомничениот за кого се смета дека го извршил нападот е ранет и приведен, а во операцијата е повреден еден полицаец.