İlkay Güder
07 Септември 2018•Ажурирај: 07 Септември 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Во Техеран започна трилатералниот Самит на Турција, Русија и Иран за Сирија во кој учествуваат претседателите Ердоган, Путин и Рохани, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерите на трите земји со заеднички напори се обидуваат паралелно да пронајдат механизам на дејствување на терен и да креираат услови и рамки на транзицискиот процес во Сирија.
Цел на техеранскиот Самит е да се анализира состојбата на теренот и договор за преземање чекори за завршување на кризата во Сирија.