Gamze Türkoğlu Oğuz
08 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
ТОРОНТО (АА) - Премиерот на Канада, Џастин Трудo, во име на својата земја се извини поради тоа што го вратиле назад бродот со Евреи кои избегале од нацистичка Германија во 1939 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Трудо во своето обраќање во Парламентот рече дека чувствува срам поради тоа што не го примиле бродот „MS St. Louis“, во кој се наоѓале 907 Евреи кои во 1939 година избегале од суровоста на нацистите.
Трудo се извини во име на Канада поради враќањето на овој брод.
Тој нагласи дека тогашните пратеници ги користеле законите на Канада со цел да го прикријат својот антисемитизам.
„Дозволивме антисемитизмот да се задржи во нашите општества и да биде наша официјална политика“, додаде Трудо.
Во тоа време, освен Канада, исто така, и Куба и САД не му дозволија влез на бродот „MS St. Louis“.
Над 250 патници кои биле принудени да се вратат назад во Европа, го загубиле својот живот во холокаустот.