Mehmet Tosun
15 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили спроведоа нови жестоки напади во крајниот северен дел на Ирак и уништија осум новооткриени скривалишта на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија соопшти дека минатата ноќ бил извршен воздушен напад врз осум упоришта на терористите на ПКК во северозападниот планински регион Хакурк и Зап.
Уништени се сите цели кои биле нападнати.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на списокот на терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија. Покрај активностите во Турција, ПКК дејствува и на северот на Ирак и Сирија, каде што функционира огранокот на ПКК, ПЈД / ЈПГ.
Планините Кандил, Гара, Метина и Зап се наоѓаат на север од Ирак по должината на границата со Ирак и Турција. Станува збор за област, која е позната како лулка на терористичкото движење ПКК.
Турските сили спроведуваат сеопфатна борба против терористите на ПКК во Турција и во северниот дел на Сирија и Ирак.
Воените операции во пограничните региони на Ирак и Сирија се базираат врз основа на правата на Турција, засновани на Меѓународното право за самоодбрана и резолуциите на Обединетите нации во однос на борбата против тероризмот.
Операциите се спроведуваат со цел неутрализирање на терористичката закана и заштита на територијалниот интегритет на соседните земји.