Davut Çolak
19 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
КОПЕНХАГЕН (АА) - Зградата на турската Амбасада во главниот град на Данска, Копенхаген, минатата ноќ беше нападната со молотови коктели, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот претставник Торбен Медсен утринава изјави дека случајот бил забележан околу три часот по полноќ од полициската патрола и дека на терен излегле дополнителни полициски тимови.
Истакнувајќи дека по нападот во Амбасадата избувнал пожар, Медсен изјави дека полицијата работи за да го спречи ширењето на пожарот и дека нè тргнала веднаш да ги следи напаѓачите.

Мадсен соопшти дека нападот најверојатно бил извршен од четворица напаѓачи и дека секој од нив фрлил по еден молотов коктел врз Амбасадата.
Во нападот нема жртви, а врз зградата на турската Амбасада е предизвикана материјална штета.
Истрагата за случајот е во тек, а претставниците на Амбасадата сè уште не го коментираат случајот.
Данската полиција ги зајакна безбедносните мерки пред турската Амбасада во центарот на Копенхаген.