Ahmet Dursun
03 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА)- Демонстрантите во Техеран ја запалија зградата на амбасадата на Саудиска Арабија во знак на одмазда за вчерашното погубување на шиитскит имам Нимр ал-Нимр и уште 46 лица осомничени за тероризам во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Иранската студентска новинска агенција (ИСНА) јавува дека поголема група на демонстранти синоќа се собра пред амбасадата на Саудиска Арабија во главниот град на Иран, Техеран.
Истиот извор јавува дека демонстрантите извикувале слогани против властите на Саудиска Арабија и остро ги осудиле вчерашните погубувања во таа земја.
Група демонстранти потоа изведе напад и влезе во зграда, која потоа ја запалија.
Иранските безбедносни сили интервенираа и ги одалечија демонстрантите од запалената амбасада на Саудиска Арабија, но демонстрантите протестите ги продолжија во непосредна близина.
Властите на Саудиска Арабија вчера соопштија дека погубија 47 лица кои се осомничени за тероризам, меѓу кои и верскиот лидер на шиитското малцинство во таа земја. Тој потег предизвика низа реакции и осуди од страна на лидерите на ЕУ, САД и другите адреси, но најоштрите реакции доаѓаат од Иран, Либан и Ирак.
Критичарите се загрижени дека овој случај би можел да ја продлабочи веќе постоечката криза помеѓу месхебите, верските групи во регионот.
Властите на Саудиска Арабија ги отфрлуваат критиките на сметка на недостатоците на правниот систем и судските процеси во таа земја, а реакциите на Иран ги оценуваат како сосема "неприфатливи" . Неименуван функционер на Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија тврди дека беа погубени активните членови на терористичкото движење, а дека Иран со својата реакција " ја открива својата поддршка на терористите".
ОН, ЕУ и САД ги повикуваат лидерите во регионот на смирување на тензиите.