Zehra Nur Düz
26 Јуни 2024•Ажурирај: 28 Јуни 2024
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес му честиташе на Марк Руте за изборот за нов генерален секретар на НАТО, јавува Анадолу.
Ердоган имал телефонски разговор со Руте, се вели во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Туркије.
Ердоган му посака успех на Руте на новата функција, а Руте, пак, му се заблагодари на Ердоган за неговата поддршка за време на телефонскиот разговор.
Говорејќи за новинарите по состанокот на парламентарната група на неговата Партија на правдата и развојот (АК) во главниот град Анкара, Ердоган рече дека за време на телефонскиот разговор му честитал на Руте за неговата нова функција.
Ердоган рече дека планираат да се сретнат во Вашингтон, а Руте изрази намера да ја посети Туркије без да ја чека нивната средба во САД.
Сојузниците на НАТО го избраа холандскиот премиер во заминување Марк Руте за следен генерален секретар на воената алијанса, се вели во официјалното соопштение објавено во средата.
Руте ќе ја преземе функцијата на 1 октомври и ќе стане 14. генерален секретар на НАТО кога ќе истече мандатот на Јенс Столтенберг по 10 години на чело на алијансата.