Barış Gündoğan
11 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушни операции во северниот дел на Ирак, во чии рамки се погодени цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, објавено на Твитер, се вели дека Турските сили, координирани во операцијата „Канџа“, која се реализира во подрачјето на Хакурк, извршиле воздушни операции во подрачјето на Зап и во подрачјето на Метина, кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак.
Во рамки на акциите погодени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција и разни видови оружје.