Hamdi Yıldız
11 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран никогаш не бил поблиску до остварување на целта за производство на атомска бомба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нетанјаху за израелските државни медиуми изјави дека никогаш нема да му дозволи на Иран да стигне до нуклеарно оружје и да стане безбедносна закана за Израел и за целиот свет.
„Иран никогаш не бил поблиску до остварување на целта за производство на атомска бомба. Техеран прави сѐ за да го забрза тој процес“, изјави Нетанјаху.
Претходно, шефот на иранската дипломатија го обвини Нетанјаху дека се заканува со уништување на Иран, на што израелскиот премиер одговори со противобвинение дека Ирак е тој што се заканува на опстанокот на Израел.