Ruslan Rehimov
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
БАКУ (АА) – Еден дел од турските војници кои ќе учествуваат на заедничката вежба со Азербејџан пристигнаа во Баку, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турските војници кои пристигнаа во Баку со авион на Турските воздухопловни сили беа свечено пречекани.

На воената вежба во Баку и Нахчиван од 1 до 5 август ќе се реализираат вежби на гаѓање кон непријателски цели од оклопни возила, со топови и минофрлачи.
Од друга страна, Воздухопловните сили на двете земји вежбата ќе ја започнат утре, 29 јули. Вежбата, во која ќе бидат вклучени воени авиони од Турција и Азербејџан, ќе се изведе во Баку, Нахчиван, Генџе, Ќурдемир и Јевлах и ќе заврши на 10 август.