Jeyhun Aliyev
01 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
ИДЛИБ (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) извршија напад на воениот аеродром на сирискиот режим во Алепо, јавува Агенција Анадолија (АА).
Воениот аеродром „Ал-Најраб“, на периферијата на градот Алепо, беше познат како една од базите што режимот на Асад често ја користеше при нападите против Турските вооружени сили и цивилите во Идлиб, северозападна Сирија.
Турските вооружени сили користеа вооружени беспилотни летала и друга вооружена поддршка во нападот на аеродромот, по што аеродромот е веќе неупотреблив, велат изворите.
Тие додаваат дека војската на режимот ги префрлила авионите и опремата во „Ал-Најраб“ од воениот аеродром „Кувеирес“ во источно Алепо, кое беше цел на турските сили претходниот ден.
Тие додаваат дека сега, со уништувањето на воениот аеродром „Ал Најраб“, опсегот на дејствување на режимските сили е уште повеќе ограничен.