Muhammed Boztepe
31 Мај 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека неутрализирани се двајца терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да се инфилтрираат во областа на операцијата „Извор на мирот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите командоси неутрализираа двајца терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обидоа да се инфилтрираат во областа на „Извор на мирот“, со цел да се наруши мирот и безбедноста во регионот“, соопшти Министерството.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.