Ekipa
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
ИДЛИБ (АА) - Конвојот на Вооружените сили на Турција (ТСК) пристигна во регионот на Идлиб во Сирија, за да формират нови набљудувачки точки за надгледување на спроведувањето на примирјето во зоната без судири, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарите на АА од Идлиб јавија дека воениот конвој е стациониран на локацијата Ес Сирман, во југоисточниот дел на Идлиб.
На оддалеченост од околу 10 километри од местото каде што е стациониран конвојот се наоѓаат силите на сирискиот режим Башар ал-Асад и групите лојални на Иран.
Новата набљудувачка точка за надгледување на спроведувањето на примирјето е оддалечена околу 70 километри од турско-сириската граница.
Целта на стационирањето на конвојот на Вооружените сили на Турција (ТСК) е формирање на набљудувачки точки за надгледување на спроведувањето на примирјето, како што претходно беше договорено и на преговорите во Астана.
Со посредство на Турција, Русија и Иран во мировниот процес во Астана постигнат е договор за воспоставување на четири зони без судири, а една од нив е Идлиб во која земјите-гаранти треба да постават контролни пунктови за следење на имплементацијата на договорот.
Формирањето на набљудувачките точки во Идлиб започна во октомври 2017 година, а предвидено е Турските вооружени сили (ТСК) во овој регион постепено да формираат 12 набљудувачки точки.