Hakan Çopur
15 Февруари 2018•Ажурирај: 16 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Најмалку 17 лица загинаа во оружен напад што се случи во средно училиште во американската сојузна држава Флорида, јавува Andolu Agency (AA).
Нападот во училиштето „Стоунмен Даглас“ го изврши 19-годишниот Николас Круз, а шефот на полицијата во градот Брауард, Скот Израел, соопшти дека момчето е поранешен ученик од училиштето.
Израел потврди дека во нападот загинале најмалку 17 лица, а локалните американски медиуми објавија дека напаѓачот бил уапсен надвор од училишниот кампус.
Нападот се случи во попладневните часови по локално време, а полицијата ги евакуира учениците и го затвори училиштето.
Сè уште нема информации за бројот и состојбата на повредените кои беа хоспитализирани по нападот.
Истрагата за случајот ја спроведува Федералното биро за истраги (ФБИ).
Неколку часа по нападот, американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер (Twitter) упати порака за сочуство до семејствата на жртвите.
Трамп порача дека тоа е ужасен напад и дека ниту еден Американец во своето училиште не треба да се чувствува небезбеден.