Seda Sevencan
12 Ноември 2021•Ажурирај: 14 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција и Грузија денеска спроведоа заеднички погранични вежби како дел од билатералната соработка помеѓу двете соседни земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Целта на заедничката вежба беше да се споделат искуства помеѓу граничните единици на двете држави во областа на заштита на копнените граници и да се подобрат координираните акции во рамките на безбедноста на границите. Вежбата им помогна на пограничните служби да ја подобрат нивната способност да реагираат при инциденти на границите и да спроведуваат превентивни операции“, рекоа од Министерството за внатрешни работи на Грузија.
Во вежбата учествуваа пограничните служби од градот Ахалцихе при граничната полиција на Грузија и 25. Бригада на вооружените сили на Република Турција.
Полковникот Емзар Абрамишвили, заменик-директор на Одделот за заштита на копнената граница при Граничната полиција на Грузија и генералот Берат Аџар, командантот на 25. Бригада на Турските воени сили, им се обратија на гостите и учесниците на вежбата.
„Заедничките вежби беа одржани во рамките на турско-грузискиот билатерален план за соработка за 2021 година. Слични вежби се одржуваат редовно, еднаш во две години, помеѓу Грузија и Република Турција“, истакнаа од Министерството.