Davut Demircan
27 Јануари 2020•Ажурирај: 28 Јануари 2020
АНКАРА
Вкупно 1.797 нерегуларни мигранти се задржани во Турција во текот на изминатата недела, покажуваат податоците што ги доби Агенцијата Анадолија од безбедносни извори.
Во повеќе операции спроведени од жандармериските сили во северозападните области Едрене, Киркларели и Текирдаг, што граничат со Грција и Бугарија, задржани се 1.233 мигранти.
Според локалните безбедносни сили во Едрене, Грција неодамна ги засилила напорите за испраќање на нерегуларните мигранти во Турција, прекршувајќи ги Женевските конвенции, Европската конвенција за човекови права и Конвенцијата на ОН против тортура.
Во крајбрежните турски области Чанаккале, Баликесир, Ајдин и Измир, Турската крајбрежна стража и жандармериските сили задржаа вкупно 528 мигранти во обид да преминат во Европа преку Грција.
Освен тоа, околу 15 мигранти се задржани од полицијата во централната област Нигде, додека во црноморската област Амасија, во текот на минатата недела задржани се вкупно 21 мигрант.
Мигрантите се државјани на Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Авганистан, Тунис, Кувајт, Мароко, Туркменистан, Египет, Бангладеш, Индија, Алжир, Сомалија, Гана, Јемен, Палестина, Еритреја и Нигерија.
Сите мигранти се однесени на медицински преглед или во обласните канцеларии за миграции.
Според турското Министерство за внатрешни работи, во 2019 година во Турција фатени се над 454.500 нерегуларни мигранти.
Турција е клучна транзитна рута за нерегуларните мигранти кои сакаат да преминат во Европа за започнување нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогонство.