Tuba Şahin
15 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
АНКАРА (AA) - Турската стапка на невработеност во мај е намалена на 9,7 отсто, што е за 0,5 отсто помалку во однос на истиот месец минатата година, соопшти денеска Турската статистичка агенција (TurkStat), јавува Anadolu Agency (AA).
Турската статистичка агенција соопшти дека бројот на невработените лица постари од 15 години, кој изнесуваше 3,1 милион минатиот мај, намален е за 89.000 лица во однос на истиот период минатата година.
Стапката на невработеност на младите лица, вклучувајќи лица на возраст од 15 до 24 години, изнесуваше 17,8 отсто во мај, што е за 2 процента помалку во однос на истиот период минатата година.
Турската статистичка агенција, исто така соопшти и дека невработеноста кај старосната група од 15 до 64 години, исто така била пониска за 0,5 отсто во мај и е намалена на 9,9 отсто во споредба со истиот период минатата година.