Hakan Çopur
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
ВАШИНГТОН (AA) – Покрената е истрага против гласноговорничката на Пентагон, Дана Вајт, поради сомнеж дека одредени вработени во ова американско министерство ги користела за приватни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американската телевизија „Си-ен-ен“ (CNN) јави дека Вајт веќе неколку седмици е под истрага на главниот инспектор на Пентагон.
За Вајт се наведува дека блиските лица во Пентагон ги користела за извршување приватни работи, како и дека им се одмаздувала на одредени вработени кои ја пријавиле на надлежните.
Меѓу останатото, за Вајт се наведува дека на вработените им наредувала да ја носат нејзината облека на хемиско чистење, но и да ѝ купуваат лекови и храна.
„Си-ен-ен“ наведува дека според етичките правила на Пентагон, еден функционер нема право да ги користи другите вработени за извршување приватни работи.
Вајт на позицијата гласноговорник на Пентагон е од јуни 2017 година и лично му поднесува извештај на министерот за одбрана, Џим Матис.