Fırat Özdemir
05 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
ГАЗИАНТЕП (АА) - Единаесет осомничени лица, припадници на терористичката организација ПКК/ПЈД, се уапсени поради поврзаност со експлозијата во која загинаа 6 лица, а 19 лица беа повредени во сирискиот град Ал Баб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Гувернерството на Газиантеп, се потсетува дека на градот Ал Баб му се даваат консултантски услуги под координација на Гувернерството.
„На 24 ноември 2020 година на раскрсницата Кабасин, во центарот на Ал Баб, околу 12:30 часот се случи експлозија на возило“, се вели во изјавата и се додава:
„11 припадници на терористичката организација ПКК/ЈПГ беа уапсени вчера од страна на локалните судски органи, како резултат на операциите извршени во градот во врска со експлозијата на возилото во која животот го загубија 6 лица, а 19 лица беа повредени. Продолжува операцијата за апсење на уште 9 лица членови на терористичката организација.“