Dilan Pamuk
05 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
РИМ (АА) - Вкупно 151.606 лица во Италија се вакцинирани против новиот коронавирус од почетокот на вакцинацијата на 27 декември, објавија денес официјални лица од Кабинетот на италијанскиот премиер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од вакцинираните, 134.255 биле здравствени работници, 8.771 биле штитеници на домовите за стари лица и 8.580 други работници.
Се додава дека Италија добила 479.700 дози на вакцини од 27 декември и дека досега искористила 31,6 отсто од нив.
Регион каде што се извршени најголемиот дел од вакцинациите е Лацио, кој го вклучува и главниот град Рим.
Вкупниот број на вакцинирани луѓе во Лацио е 28.134, а потоа следуваат Тоскана и Венето.
Во Ломбардија, каде што беа регистрирани најмногу смртни случаи од Ковид-19, вкупно 25.344, вакцинирани се само 6.973 лица.
Причината што Ломбардија и другите региони заостануваат во вакцинацијата е предмет на дебата во земјата.
Италија очекува денес да добие уште 470.000 дози од вакцината на Фајзер/БајоНТех.
Во Италија од коронавирусот починаа најмалку 75.680 лица, а заразени беа 2.166.244 лица, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, што ја прави една од најпогодените земји во светот.