Murat Özgür Güvendik
01 Март 2024•Ажурирај: 02 Март 2024
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Во нападот со огнено оружје во Јоханесбург, Јужноафриканска Република, смртно настрадаа три лица, од кои еден студент што случајно минувал покрај местото на настанот, пренесува Анадолу.
Во инцидентот што се случи во квартот Брамфонтејн, каде што главно живеат студенти, неидентификувани напаѓачи пукале кон паркиран автомобил, објавија локалните медиуми.
Двајца студенти, кои биле во автобус што минува оттаму, исто така, биле жртви на нападот. Еден од нив бил ранет од истрелите, а подоцна им подлегнал на повредите во болница.
Во соопштението на Универзитетот во Јоханесбург се наведува дека загинатиот 18-годишник бил студент на втора година.
Полицијата сѐ уште не даде коментар за причината на нападот.
Во соопштението на Универзитетот Витвотерсранд, кој има свој кампус во близина на инцидентот, најавено е дека на студентите што биле трауматизирани од инцидентот ќе им бидат дадени услуги за психолошка поддршка.