Elena Teslova
30 Декември 2022•Ажурирај: 31 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Најмалку 15.000 луѓе, вклучително и цивили, исчезнале во Украина од почетокот на војната во февруари, изјави денеска украински официјален претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Русија потврди дека 3.000 украински војници се во заробеништво“, изјави за новинската агенција „Блумберг“, Алиона Вербицкаја, украинската воена правобранителка.
„Комуникацијата со руските власти за прашањето на воените заробеници е многу слаба“, додаде таа.