Nazir Aliyev Tayfur
30 Март 2022•Ажурирај: 31 Март 2022
КИЕВ, Украина (АА) - Украинската вицепремиерка рече дека со руската страна го поставиле прашањето за итно отворање хуманитарни коридори за време на последните мировни преговори во Истанбул, Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ирина Верешчук на дневниот брифинг рече дека украинската страна ѝ го пренела на руската делегација барањето за задолжително и итно отворање на хуманитарни коридори во Мариупол, Харков, Чернихив и Киев.
Таа рече дека сакаат да се отвори коридор од Бердјанск во насока на градот Василивка во украинскиот регион Запорожје.
„Ќе биде спроведена евакуација од градовите Мариупол, Бердјанск, Мелитопол и Енерходар“, додаде таа.
Додека ја информира публиката за евакуациите во последните 24 часа, Верешчук истакна дека евакуирале 936 луѓе од Мариупол и 729 луѓе од Запорожје.
Руската војна во Украина, која започна на 24 февруари, беше пресретната од меѓународна осуда, а ЕУ, САД и Велика Британија, меѓу останатите, воведоа строги економски санкции кон Москва.
Стотици светски компании ја прекинаа нивната работа во Русија.
Најмалку 1.179 цивили загинаа во Украина, а 1.860 се повредени, според проценките на ОН, кои забележаа дека вистинскиот број најверојатно е поголем.
Повеќе од 3,9 милиони Украинци заминаа во соседните европски земји, а милиони се раселени во земјата, според Агенцијата за бегалци на ОН.