Nazir Aliyev Tayfur
30 Март 2022•Ажурирај: 31 Март 2022
КИЕВ (АА) - Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека морските мини забележани во Турција и Романија од 26 до 28 март не се регистрирани кај украинските поморски сили од почетокот на 2022 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена на официјалната веб-страница на Министерството се наведува дека Руските воени сили намерно се обиделе да ја испровоцираат и дискредитираат Украина пред меѓународни партнери, користејќи морски мини заробени за време на привремената окупација на украинскиот град Севастопол во 2014 година.
Во соопштението се наведува дека Русија намерно ги пуштила морските мини во Црното Море, и покрај Азовското Море, и во Керченски Теснец и во теснеците на Црното Море, кои се закана, пред сѐ, за цивилниот транспорт во морињата.
Меѓу другото, во соопштението се наведува дека руската морнарица, која започна голема војна против Украина, покрај запленувањето и уништувањето на цивилни бродови и бомбардирањето на Украина од морето, користела и морски мини како нов „пиратски метод“ и дека одговорноста за мините кои пловат и непредвидливите последици од нив припаѓаат на Руската Федерација и нејзината морнарица.