Ruslan Rehimov
19 Мај 2022•Ажурирај: 20 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Канцеларијата на главниот државен обвинител на Украина соопшти дека во нападите на Руската армија во Украина загинале најмалку 231 дете, а 427 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во секојдневните руски бомбардирања и гранатирања беа оштетени 1.828 образовни институции, од кои 171 беа целосно уништени.“
Во соопштението се вели дека од 24 февруари, кога Русија ги започна нападите, загинале 231 дете.
Според проценките на Обединетите нации (ОН), најмалку 3.752 цивили загинале, а 4.062 се ранети од почетокот на руската војна против Украина. Се стравува дека реалните бројки се многу поголеми.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, повеќе од 6,2 милиони луѓе ја напуштиле Украина и пребегале во други земји, а околу 7,7 милиони луѓе се внатрешно раселени.