Furkan Naci Top
04 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
АТИНА (АА) - Судот во Грција донесе одлука за екстрадиција во Соединетите Американски Држави (САД) на рускиот државјанин Александр Виник, кој се бара под обвинение за перење пари, четири милијарди долари преку интернет, јавува Anadolu Agency (AA).
Со одлука на Апелациониот суд во Солун, беше прифатено барањето на САД за екстрадиција на Александр Виник, кој ги негираше обвиненијата и има право за случајот да го пренесе на Врховниот суд на Грција.
Виник беше баран од страна на Министерството за правда на САД, како за сопственик на една од најголемите интернет-страници поврзани со кибер-криминал, и за перење на околу четири милијарди долари преку витуелната крипто-валута „Bitcoin“ од 2011 година.
Виник беше фатен во еден хотел во близина на Солун. И Русија исто така упати барање тој да биде екстрадиран од Грција.