Ali Cura
12 Февруари 2022•Ажурирај: 14 Февруари 2022
КИЕВ
Министерството за надворешни работи на Украина ги повика граѓаните на таа земја да останат мирни и да се воздржат од активности што би ја дестабилизирале ситуацијата и би предизвикале паника, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека поради ескалацијата на тензиите од руската страна, украинската администрација, дипломатија и војската вложуваат напори да бидат одлучни и подготвени против различните сценарија и агресивни намери против државата.
На вчерашната седница на Советот за национална безбедност и одбрана, со која претседаваше претседателот на Украина, Владимир Зеленски, констатирано е дека е анализирана моменталната безбедносна ситуација и другите активности на Украина, истакнувајќи дека способноста на државата и граѓаните да се заштитат е зголемена благодарение на одлуките на украинската администрација и помошта од нејзините партнери.
Во соопштението се истакнува дека сеопфатниот пакет за да се заузда Русија, што Украина им го предложи на своите партнери во ноември минатата година, станал ефикасно средство против агресивната политика на Кремљ, и дека Украина сега има силна позиција благодарение на координираните дипломатски контакти на сите нивоа. Се истакнува дека САД и Европската Унија ги завршиле подготовките за остри санкции и ѝ пружиле макрофинансиска помош на Украина.
„Ги повикуваме граѓаните да останат смирени. Во овој момент од критична важност е да се задржи мирот, да се консолидираме во земјата и да се избегнат активности што би дестабилизирале и би предизвикале паника“, се наведува во соопштението.
Во продолжение се истакнува дека украинската војска постојано го следи развојот на настаните и дека е подготвена да се спротивстави на секој обид на кршење на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
„Продолжуваме да работиме на деескалација на тензиите и добиваме конкретна поддршка од меѓународните партнери“, се вели во соопштението.