Davit Kachkachishvili
25 Декември 2022•Ажурирај: 26 Декември 2022
КИЕВ (АА) - Католиците во Украина го прославија својот најголем празник Божиќ во воени услови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Додека војната меѓу Русија и Украина, што започна на 24 февруари, продолжува, католиците во Киев, главниот град на Украина, утрово го минаа својот празник со звуците на сирените.
И покрај сирените што се огласија за предупредувања за воздушни напади, што траеја околу два часа утрово низ целата земја, вклучително и во Киев, католиците по повод празникот се собраа на миса во Катедралата „Св. Никола“ во главниот град на Украина.