Ekip
04 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
МОСКВА (АА) - Бунтовниците на источниот дел на Украина велат дека еден од нивните команданти загинал при експлозија на неговиот автомобил, јавува Anadolu Agency (AA).
Бунтовничкиот информативен центар Луганск објави дека утринава загинал командантот на народната полиција, Олег Анашченко. Во извештајот се додава дека во експлозијата на автомобилот која се случила во градот Луганск, загинало уште едно непознато лице.
Анреј Марочко, портпаролот на народната полиција за нападот ги обвини украинските специјални сили за предизвикување на експлозии.
Луганск е една од двете украински области во кои сепаратистичките бунтовници од април 2014 година се борат против владините сили во војна која до сега однесе повеќе од 9.800 животи.
Борбите на источниот дел на Украина брзо ескалираа на почетокот од оваа недела. Украинската војска денес објави дека во изминатите денови загинале тројца нејзини припадници.