Davit Kachkachishvili
14 Октомври 2022•Ажурирај: 16 Октомври 2022
КИЕВ (АА) - Кабинетот на претседателот на Украина соопшти дека од 24 февруари, кога започна војната со Русија, од руските сили се вратени околу 1.620 населени места, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко на својот профил на Телеграм ги претстави најновите информации за областите каде што украинските сили ја вратија контролата од Руската армија од почетокот на Руско-украинската војна.
Тимошенко изјави дека Украинската армија продолжува да се бори за да ја врати контролата врз населените места што претходно ги зазедоа руските сили во Украина.
Тој потсети дека во Украина денеска се одбележува Денот на бранителите на татковината.
„Денеска е важен празник за нас. Денот на бранителите на Украина. Благодарение на вас, украински војници, 1.620 населби се ослободени од руските окупатори“, рече Тимошенко.