Nazir Aliyev Tayfur
31 Март 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
КИЕВ (АА) - Руската армија започна со подготовки за референдум во областа Херсон, која се наоѓа на брегот на Црното Море и се граничи со Крим, во петтата недела од војната, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена на фејсбук-профилот на Генералштабот на Украина се оценува последната ситуација, во 35. ден од руско-украинската војна.
Во соопштението се наведува дека Руската армија се обидува да создаде воена и цивилна администрација за да ја контролира привремено окупираната територија на југот на Украина.
Наведено е и дека Армијата започнала со подготовки за референдум за создавање на таканаречена држава под името Народна Република Херсон во областа Херсон.
– „Продолжува заканата од ракетите „Калибр“ од Црното Море“ –
Во соопштението, во кое се наведува дека во Црното Море има бродови опремени со крстосувачки ракети „Калибр“, се додава дека продолжува заканата од напади на воената, индустриската и логистичката инфраструктура во земјата со овие ракети.
Украинскиот Генералштаб ја сподели информацијата дека во поморската база Севастопол на Крим, која беше анектирана во 2014 година, е завршен дотурот на крстосувачки ракети „Калибр“ на фрегатата „Адмирал Макаров“.
– Руската армија е концентрирана на источниот дел на Украина –
Во соопштението се вели дека Руската армија, која продолжува со дополнително засилување на источниот дел на Украина, се фокусирала на извршување диверзантско-извидувачки активности и се концентрирала на преземање мерки за обезбедување на својата безбедност.
Меѓу другото, во соопштението се наведува дека Руската армија во наредните денови ќе се обиде да го блокира градот Чернихив и дека се очекува да изврши напад во правец на Краматорск и Покровск.
Исто така, се додава дека продолжуваат активностите за блокада на градот Харков.
Во соопштението се забележува дека се направени напори за преземање на контролата врз населбите Попасна, Рубијна и градот Мариупол во областа Доњецк.