Ruslan Rehimov
08 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили се потиснати неколку километри назад во областа Луганск со контранапад на Украинската армија, а селото Гремјач во регионот Чернихив е ослободено, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството се нагласува: „Нашите војници извршија успешен контранапад во Луганск, а непријателските сили беа потиснати неколку километри. Во регионот Чернихив, селото Гремјач беше ослободено од руските освојувачи.“
Исто така, се наведува дека украинските специјални сили заробиле неколку употребливи системи за воздушна одбрана од руските сили.