Ruslan Rehimov
26 Март 2022•Ажурирај: 28 Март 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на украинската Војска соопшти дека од почетокот на војната во Украина се убиени 16.400 руски војници, известува Агенција Анадолија (АА).
Русија на 24 февруари започна напад на Украина, а во соопштението на Генералштабот на украинската Војска се наведува дека нивните сили ѝ нанеле големи загуби на руската Војска.
Во соопштението се наведува дела украинските сили убиле 16.400 руски војници и уништиле 117 руски воени авиони, 127 хеликоптери, 575 тенкови, 1.640 оклопни возила, 293 топови, 91 ракетен систем и 51 противвоздушен систем.
Од Киев тврдат и дека руската Војска во Украина загубила 1.131 возило, седум бродови и лесни глисери, 73 цистерни и 56 беспилотни летала.