Talha Yavuz
04 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
КИЕВ (АА) - Командантот на Украинските поморски сили, Алексеј Неијпапа, изјави дека во 2021 година ги очекуваат турските беспилотни летала и корветите за нивната морнарица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Неијпапа во изјавата за украинските медиуми рече дека очекуваат годинава да купат турски беспилотни летала за украинската морнарица.
Истакнувајќи дека беспилотните летала ќе ги користат на море и на копно, Неијпапа додаде дека благодарение на заедничкото производство на корвети од типот АДА, производствениот капацитет на Украина ќе ги достигне стандардите на НАТО.