Cuneyt Davut
04 Ноември 2016•Ажурирано: 04 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) – Турскиот вицепремиер, Вејси Кајнак, придружуван од владина делегација и пратеникот на Партијата АК од Истанбул, Хусеин Бурге, пристигнаа на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Вицепремиерот Кајнак на аеродромот беше пречекан од страна на советникот и шефот на мисијата при турската амбасада во Скопје, Синан Ертај, директорот на Генералниот директорат на фондации при турската Влада, д-р Аднан Ертем, координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Македонија, Теоман Тирјаки, заменик-директорот на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје, Фуат Коркмаз, уредникот на сервисот на Anadolu Agency (АА) за македонски и албански јазик, Аднан Идриз, и други официјални лица.
Вицепремиерот во текот на посетата ќе присуствува на свеченото отворање на џамијата „Хајдар Кади“ во Битола, која е реставрирана од страна на Генералниот директорат за фондации при Владата на Турција.
Најавено е дека вицепремиерот ќе ги посети и Охрид и Скопје.