Talha Yavuz
18 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
КИЕВ (АА) - Во украинскиот Парламент е прифатен Нацрт-законот со кој им се дава овластување на граничарите да користат оружје и воена опрема, јавува Агенција Анадолија (АА).
Наведениот Нацрт-закон го усвоија 271 пратеник во Парламентот, кој се состои од 450 членови.
Според овој закон, украинската гранична стража, која ги штити границите на земјата и нејзините суверени права, има дозвола за користење на оружје и воена опрема.
Украина ја мачат судирите во источните делови на земјата од март 2014 година, по руската нелегална анексија на Крим. Западните земји ја обвинуваат Русија дека го дестабилизира регионот пружајќи им воена поддршка на сепаратистите.