Ruslan Rehimov
24 Март 2022•Ажурирај: 25 Март 2022
КИЕВ (АА) - Украинската армија го погоди десантниот брод на Руската армија во окупираното пристаниште Бердјанск, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на украинската морнарица се наведува: „Големиот десантен брод „Орск“ на црноморската флота на окупаторите е уништен во пристаништето Бердјанск, кое е окупирано од нивна страна.“
На фејсбук-профилот на украинската морнарица споделени се видеоинсерти од бродот во пламен и експлозиите во пристаништето Бердјанск.