Saadet Firdevs Aparı
03 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
ПОРТ-О-ПРЕНС (АА) - Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) ги предупреди училиштата во Хаити дека од страна на бандите се киднапираат деца и потоа се бара откупнина за да бидат ослободени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на УНИЦЕФ се нагласува дека најмалку седум училишта во главниот град на Порт-о-Пренс се принудени да плаќаат на неидентификувани банди за да ја обезбедуваат нивната безбедност во последните два месеци. А исто така, упатени се закани и до други институции.
„Зголемениот страв во училиштата значи помалку учење. Бандите брзо ги претвораат храмовите на знаењето во места на насилство“, се вели во соопштението на УНИЦЕФ.
Изјавата на УНИЦЕФ е дадена откако членовите на бандата соопштија дека по неодамнешното киднапирање, го убиле Патрис Деренонкур, професор на Факултетот за социјална и политичка економија на Универзитетот „Нотр Дам“, во Порт-о-Пренс, Хаити.