Recep Şakar
03 Ноември 2021•Ажурирај: 04 Ноември 2021
МЕЛБУРН (АА) - Австралискиот премиер Скот Морисон, кого францускиот претседател Емануел Макрон го обвини дека лаже за откажувањето на Договорот за подморници меѓу Австралија и Франција, негирајќи ги наводите, рече дека нема да ѝ се извини на Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста во Австралиската радиодифузна компанија, премиерот Морисон, кој замина во Дубаи, по 26. Конференција на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (КОП26), даде изјава во врска со откажувањето на Договорот за подморници.
Премиерот Морисон, уште еднаш, негирајќи ги обвинувањата на Макрон дека „лажел“ за откажувањето на Договорот за подморници меѓу Австралија и Франција, рече дека „нема потреба“ да ѝ се извинува на Франција.
Осврнувајќи се на обвинувањата на Макрон, Морисон нагласи: „Изнесени се наводи кои се отфрлени. Искрено, сега е важно да продолжиме напред во однос на ова прашање.“
Додавајќи дека Договорот за изградба на подморници помеѓу Австралија и Франција не е во согласност со одбранбените потреби на неговата земја, Морисон рече дека Владата ја искористи опцијата да го раскине договорот.
Макрон одговараше на прашањата на новинарите за кризата за Договорот за подморници меѓу Австралија и Франција на Самитот на лидерите на Г-20 што се одржа во Рим, главниот град на Италија.
На новинарското прашање „Дали мислите дека Скот Морисон лажеше?“, францускиот претседател одговори дека не само што мисли дека Морисон лажел, туку дека е сигурен во тоа дека лажел.
Морисон, кој ги негира наводите дека лажел, изјави дека јасно зборувал за ова прашање за време на вечерата во Елисејската палата во јуни.
- Договорот АУКУС меѓу Австралија, САД и Велика Британија -
По потпишувањето на договорот АУКУС меѓу Австралија, САД и Обединетото Кралство на 16 септември, беше соопштено дека е откажан договорот вреден 90 милијарди австралиски долари (66 милијарди американски долари) со француската „Навал груп“ (глобален и главен француски изведувач во одбраната, специјализиран за поморско-базирана одбрана) за изградба на 12 конвенционални дизел-електрични подморници.
Откажувањето на договорот предизвика криза меѓу Франција и Австралија, а Франција како одговор ги повлече своите амбасадори од Канбера и Вашингтон.
Од друга страна, Морисон изјави дека однапред ја известиле Франција за откажувањето на договорот.