Gülşen Topçu
10 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
ГАЗА (АА) - Владата на Шведска донираше осум милиони долари за помош за проектите кои Агенцијата на ОН за помош на бегалци (УНРВА) ги реализира во Сирија, Газа и на Западниот брег, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оваа дарежлива и безусловна помош на Шведска ќе ни дојде добро за помош на палестинските бегалци кои се загрозени со војната во Сирија, но и на палестинските раселеници во Газа на Западниот брег", се наведува во соопштението на УНРВА
Во соопштението, исто така, се наведува дека во Сирија живеат околу 450.000 палестински бегалци а од нив 60 отсто преживуваат исклучиво благодарејќи на хуманитарната помош која им ја доставува УНРВА.
Од УНРВА предупредуваат за драматичната ситуација во Палестина, а посебно поради големата невработеност.
Според податоците на организацијата на ОН секое четврто лице на Западниот брег нема здрава исхрана, а околу 200.000 Палестинци во Газа и Западниот брег зависат од хуманитарна помош.