Kasım İleri
21 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Нацрт-резолуцијата која ја критикува одлуката на Трамп за Кудс (Ерусалим) е усвоена денес во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) со 128 гласови за, додека против беа девет земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералното собрание на ОН, и покрај заканите на САД, со големо мнозинство гласови ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим (Кудс).

Против нацрт-резолуцијата за Кудс гласаа САД, Израел, Гватемала, Хондурас, Маршалски Острови, Микронезија, Наури, Того и Палау.
- „Гласањето е важно бидејќи покажува дека палестинскиот случај сѐ уште е наш случај”
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу за време на неговот обраќање пред Генералното собрание на ОН рече: „Гласањето е важно бидејќи покажува дека палестинскиот случај сѐ уште е наш случај. Во тој контекст, денеска во име на правдата и мирот ќе го повишиме гласот.”

Во своето обраќање Чавушоглу рече: „Земја членка на ОН им претеше на останатите земји. На некои им беше запретено дека ќе им биде прекината помошта за развој. Тоа е неприфатливо.”
За одлуката на Трамп за Ерусалим (Кудс), Чавушоглу рече дека претставува страотен напад врз сите универзалните вредности и додаде: „Воопшто не е морална помислата дека е можно купување на гласовите на државите. Ние не се исплашивме! Можеш да бидеш моќен, но тоа не значи дека си во право.”
„Турција никогаш нема Кудс да го остави сам. Народот на Палестина никогаш нема да остане сам. Светот е поголем од петте”, рече Мевљут Чавушоглу, шефот на турската дипломатија.
- „Кудс е клуч на мирот и војната”
Министерот за надворешни работи на Палестина Малики, во своето обраќање на Генералното собрание на ОН рече дека одлуката на Трамп нема да влијае врз статусот на Кудс, туку само може да влијае врз посредничкиот статус на САД.
„Кој може да замисли мировен план кој нема да го опфати Кудс. Кудс е клучот на мирот и војната”, зборуваше Малики во својот говор пред ОН.
- „Ова гласање ќе предизвика промени”
Американската постојана преставничка во ОН, Халеј во своето обраќање пред земјите членки на ОН изјави „САД ќе ја пренесе својата амбасада во Кудс, бидејќи тоа од нас го бара народот на САД и тоа е исправно. Но ова гласање ќе предизвика разлика на тоа како Американците гледаат кон ОН и како ние ќе гледаме кон земјите кои покажаа непочитување кон нас во ОН.”