Yusuf Özcan
23 Февруари 2021•Ажурирај: 24 Февруари 2021
ПАРИЗ
На ѕидот на џамијата „Ејуп Султан“, која е во изградба во францускиот град Стразбур, напишана е антиисламска порака, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Џамијата која е дел од Исламската заедница „Национално мислење“ (IGMG), преку својот профил на социјалните мрежи објави дека на ѕидот од џамијата е напишана пораката „Не за исламот, вратете се во вашите земји“.
Во соопштението се вели: „Овој настан е одраз на штетната клима во која денес се наоѓа Франција“.
Кога џамијата „Ејуп Султан“ ќе биде изградена, ќе биде најголемата џамија во Европа.
Овој објект, што се гради според османлиската архитектура, на простор од 15 хектари земја, ќе биде комплекс што ќе опфаќа месџид (место за молитва) за 3.000 лица, сали за конференции, училиште, библиотека, просторија за наставници, ресторани, бутици, паркинг за 600 возила и велосипедски парк.
Џамијата ќе има две минариња со висина од 44 метри, а околу главната купола на џамијата ќе бидат изградени 27 мали куполи, збогатувајќи ја верската, архитектонската и културната разновидност на Стразбур.