Alaattin Doğru
04 Април 2023•Ажурирај: 05 Април 2023
ПАРИЗ (АА) - Министерката за надворешни работи на Франција, Кетрин Колона, вчера одржа телефонски разговор со израелскиот колега Ели Кохен и во таа прилика го повикала Израел да се воздржи од преземање еднострани мерки, особено кога е во прашање изградбата на населби, пренесува Анадолу.
Колона и Кохен разговараа за билатералните односи и регионалниот развој, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Франција.
Повторувајќи го ставот на Франција за дводржавно решение, Колона ја нагласила важноста од одржувањето статус кво на светите мееста во Ал Акса во Кудс (Ерусалим).
Исто така, ги осудила нападите на израелските цивили.
Дипломатите размениле мислења и за руската војна против Украина, како и за иранските „дестабилизирачки активности“.