Ekipa
19 Март 2018•Ажурирај: 20 Март 2018
ПАРИЗ (АА) - Француската Влада денес го претстави Планот за борба против расизмот и антисемитизмот, кој ќе се фокусира првенствено на социјалните мрежи и превенцијата во училиштата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Францускиот премиер Едуар Филип изјави дека неговата земја ќе ги поттикне напорите во Европа, со цел да ги принудат интернет-компаниите да ги отстранат „гнасните, расистички и антисемитски содржини“.
„Вознемирен сум, бидејќи деновиве изгледа полесно е да се избрише пиратско видео од фудбалски натпревар, отколку онлајн содржина која пропагира антисемитизам“, рече Филип.
Како што истакна, новиот закон ќе ги принуди интернет-компаниите да ги детектираат, сигнализираат и да ги отстранат незаконските содржини. Тој предложи и воведување парични казни.
Францускиот премиер сака во училиштата да се формираат тимови експерти, кои ќе му помагаат на наставниот кадар во ситуации на пропагирање на расизмот и антисемитизмот.