Onur Usta
28 Декември 2015•Ажурирај: 29 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Исламскиот совет на Франција (CFCM) најави дека по повод одбележувањето на првата годишнина од минатогодишниот париски терористички напад на редакцијата на сатиричното списание "Charlie Hebdo“, вратите на сите џамии во Франција ќе бидат отворени за посети, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Советот, Анвар Кбибеш, за весникот "Le Parisien“ изјави дека со цел покажување на вистинското лице на исламот, вратата на сите 2.500 џамии и мезџиди во Франција, на 9-ти и 10-ти јануари ќе бидат отворени за посета на сите граѓани и дека сите посетители ќе бидат почестени со "чај на братството".
Кбибеш рече дека тоа ќе биде една можност да се дадат одговори на сите прашања кои се однесуваат на содржината, пораката и вредностите на исламот и Куранот, а дека граѓаните ќе може да присуствуваат и да се запознаат со начинот на обавување на исламската молитва.
"Нашата цел е да го зачуваме духот кој произлезе од "Маршот за Републиката" кој се одржа на 11-ти јануари оваа година. Сакам следната 2016 година биде година на јакнење на солидарноста, братството и вредноста на соживотот," порача Кбибеш.
Главниот град на Франција, Париз, беше место на низа терористички напади, кои започнаа од 7-ми јануари со напад на редакцијата на списанието "Charlie Hebdo“, а во тие напади се убиени 17 лица.